ФИФА отворено им се закани на бразилските власти дека Фудбалската Федерација на оваа земја може да биде исклучена од сите натпреварувања, вклучително и квалификациите за СП, доколку продолжи мешањето на политиката во фудбалот, нешто што светската организација најстрого го забранува со години наназад.
Проблемот настана откако актуелниот претседатело Едналдо Родригеш беше разрешен од функцијата, но не на собрание на федерацијата, туку со одлука на судот во Рио де Жанеиро. Ваквиот потег е окарактеризиран како директно мешање на државата во функционирањето на фудбалската федерација.
„Нема сомнеж дека станува збор за мешање на политиката во спортот. Ако ситуациајта не се промени, ќе следи автоматска суспензија на целокупниот бразилски фудбал. Ова значи неиграње на сите клубови и репрезентации, но и на сите официјални лица од Бразил, кои нема да ги вршат своите функции додека суспензијата е на сила“, се вели во отвореното писмо од ФИФА што го пренесуваат бразилските медиуми.
Челниците на ФИФА најавиле испраќање на специјална делегација што ќе пристигне во Бразил на 8 јануари, со јасна порака дека доколку во меѓувреме биде организирано ново собрание за избор за наследник на Родригеш, ќе следи автоматска суспензија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА