Последниот понеделник во 2023 година значи и последен ранг за тенисерите кои имаат ранг АТП ранг-листата. Од македонските тенисери тројца оваа година ја завршуваат со ранг во поединечна конкуренција. Најдобар ранг има Калин Ивановски, кој е рангиран на 326. то место што значи пад за една позиција во однос на претходната недела. Ивановски има 159 поени. Калин ланската година ја заврши на 540. то место, што значи и огромен скок од дури 214 позиции во изминатата календарска година.
Горазд Србљак со 10 поени, се наоѓа на 1052. то место и има скок од две места во однос на претходната недела, додека Обрад Марковски има скок од девет позиции и се наоѓа на 1454. то место со три поени.
Во конкуренција на двојки Ивановски е рангиран на 675. то место со 71 поен, или пад за две места, додека Берк Бугариќ е на 1347. то место (пад за едно место) со 16 поени. Обрад Марковски е рангиран на 1751. то место (пад за седум позиции) со 7 поени, додека Елдин Хусеиновиќ е на 2121. то место со три поени (пад за три места).
На почетокот на следната недела воедно и на новата година прв настап ќе има Калин Ивановски, кој е пријавен за челинџер турнир во Португалија.
Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа 2023 година ќе ја заврши на 213.то место на ВТА ранг-листата. Таа има скок од три места во однос на минатата недела, но бројот на поени е ист – 357. Во поединечна конкуренција кај жените Магдалена Стоилковска со 9 поени се наоѓа на 1208.то место и има пад од две места.
Ѓорческа исто како и во сингл и во конкуренција на двојки има напредок од три позиции и се наоѓа на 364.то место со 226 поени.
Воедно, најдобрата македонска тенисерка Ѓорческа на почетокот на новата сезона ја очекува настап во квалификациите на Австралија Опен во Мелбурн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

