Емил Рајковиќ и ЦСКА Москва експресно го оставија зад себе изненадувачкиот пораз од Парма, па денеска рутински се вратија на победнички патеки во ВТБ-лигата. Московскиот гигант за противник го имаше „фенерџијата“ Минск, кого избраниците на Рајковиќ без премногу проблеми го совладаа со убедливи 83-97.
Минск успеа да парира само во првите десет минути што завршија со израмнети 23-23, ЦСКА уште до крајот на полувремето успеа да се одлепи за двоцифрена предност, што кошаркарите на македонскиот стратег рутински ја задржаа до самиот крај. Руженцев ги предводеше стрелците на ЦСКА со 17 поени, еден повеќе во однос на Ембаје.
Тимот на Рајковиќ останува лидер во ВТБ-лигата со одличен скор од 17 победи и два пораза, пред Уникс Казањ на Ненад Димитријевиќ кој има скор од 14-4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА