Хорор во Франција: Кошаркарска арена каде што играше Војдан Стојановски изгоре до темел (видео)

Страшни снимки пристигнуваат ова божиќно попладне од Франција, каде до темел изгоре спортскиот комплекс во Гравелин, заедно со салата Спортика во која натпреварите ги играше кошаркарскиот прволигаш од оваа земја.

Македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски пред неколку сезони со голем успех настапуваше за Гравелин се до здобивањето со тешка повреда, а фановите се во шок откако овој спортски комплекс беше буквално проголтан од пламена стихија.

Неофицијално,пожарот почнал од технички проблем во базенот, кој во тој момент бил затворен поради редовен сервис и празнење. Потоа оганот брзо се преселил врз останатите делови од комплексот, а пожарникарите немале никаква шанса да реагираат благовремено бидејќи за нецели десетина минути пожарот веќе беше сериозно раширен.

Се вчитува...