Мхитаријан и Интер, љубовта продолжува

Хенрик Мхитаријан ќе ја продолжи соработката со Интер потпишувајќи нов договор со актуелниот еврпоски вицешампион. Ерменскиот репрезентативец беше желба на неколку клубови од Саудиска Арабија, сите тие му нудеа повисока плата, но Мхитаријан ја потврди лојалноста кон Интер договарајќи ги условите за соработка за нов договор со „нероаѕурите“.

Ерменецот во јануари ќе наполни 35 години, па јасно е зошто и новиот договор ќе биде на една сезона, со важност до јуни 2025 година. Тренерот Инзаги и директорот Марота се воодушевени од професионализмот на овој искусен фудбалер, поради што инсистираа на негово задржување на „Џузепе Меаца“.

За разлика од Мхитаријан, напаѓачот Алексис Санчез е многу блиску до заминување од Интер. Откако му беше соопштено дека нема да му биде продолжен договорот, Чилеанецот бара веќе во јануари да добие зелено светло за трансфер, и тоа во Саудиска Арабија каде Ал Итихад со новиот тренер Марсело Галјардо сака да го доведе во својот тим.

Се вчитува...