Салах повторно го нападнаа за божиќна честитка (ФОТО)

Фудбалерот на Ливерпул, Мо Салах и оваа година објави фотографија од накитена елка на социјалните мрежи честитајќи го католочкиот Божиќ и повторно доби жестоки навреди поради истото.

Во описот на објавата тој не пропушти да ја спомене и војната во Газа каде страдаат невини луѓе.

„Божиќ е време кога семејството се собира заедно и слави.

За време на бруталната војна која се води на Блискиот исток, посебно смртта и разурнувањето на Газа, оваа година доаѓаме до Божиќ со тешки срца и ја делиме болката со семејствата кои тагуваат за загубата на своите најмили. Ве молам, не ги заборавајте и не се навикнувајте на нивото патење. Среќен Божиќ“, стои во објавата на Салах.

Објавата за жал предизвика и бројни погрдни коментари, бидејќи, како што се вели не го претставува арапскиот свет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mohamed Salah (@mosalah)

Се вчитува...