Светскиот „рекет број еден“ Новак Ѓоковиќ неодамна во интервју за шпанскиот медиум „Марка“ говореше на повеќе теми, а една од нив отана необјавена до крајот на година.
Станува збор за прашање поставено за освојување на популатниот „Златен слем“, односно обединување на сите грен-слем титули, нешто што Србинот верува дека може да го оствари доколку е физички и ментално подготвен.
„Дали беше реално пред година, две или пет да размислувам за освојување на три од четири грен-слема? Луѓето мислеа дека не е, но јас верувам дека е можно. Затоа што се познавам себе си. Ако сум ментално и физички во ред можно е, да. Не сакам тоа да звучки како непочитување на другите тенисери бидејќи не е така. Илјадници од нив се борат за секој грен-слем, но и јас знам кој сум. Верувам во себе и таа верба ме донесе тука каде што сум“, изјави Ѓоковиќ.
Србинот натпреварувачката 2023 година ја заврши со три од четири грен-слем трофеи. Единствениот кој не го освои беше Вимблдон каде настапуваше во финалето, но загуби од младиот Карлос Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

