Божиќниот спектакл во НБА лигата за Лука Дончиќ и Далас Маверикс носи натпревар против големиот ривал Феникс Санс. А, на истиот Словенецот може да стигне и до импресивно достигнување.
Имено, само 11 поени му фалат на 24-годишникот да ја надмине бројката од 10 илјади постигнати поени во НБА лигата и доколку ги реализира во вечерашниот натпревар кој за него ќе биде 358 во најсилното кошаркарско првенство тој ќе постане седмиот кошаркар кој набргу стигнал до оваа бројка со оглед на одиграните натпревари.
Рекордот е во сопственост на Вилт Чемберлен кој до 10 илјади постигнати поени стигна на 236 натпревари, а него го следат: Мајкл Џордан (303), Елгин Бајлор (315), Карим Абдул-Чабар (319), Оскар Робертсон (334), Џорџ Гервин (355) и Боб Мекадо (358).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

