Манчестер Јунајтед има уште една сезона за заборав. Англискиот гигант е веќе надвор од европските натпреварувања откако заврши на последното место од групата во Лигата на Шампионите, а мака мачи и во англискиот шампионат каде се наоѓа на осмото место на табелата со само една победа во последните пет натпревари.
Дополнителен проблем за Манчестер Јунајтед е финансискиот фер-плеј кој не дозволува големи засилувања во јануарскиот преоден рок, а на тимот очајнички му треба засилување на напаѓачката позиција каде летното засилување, 20-годишниот Расмус Хојлунд не ги исполни очекувањата и се уште е без постигнат гол во Премиерлигата.
Со цел поголема конкуренција во нападот тренерот Ерик тен Хаг цели барем кон едно засилување оваа зима, а според британските медиуми изборот паднал на Мауро Икарди. Аргетнинскиот напаѓач кој во моментот ги тресе мрежите за Галатасарај има богато искуство со настапи и за Интер и ПСЖ па на него холандскиот стратег гледа како идеално решение за спас на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА