Јокиќ и Мареј го предводеа Денвер до триумф над Голден Стејт

Денвер стигна до петтата победа во НБА лигата откако во божиќниот спектакл против Голден Стејт славеше со 120-114 во натпревар кој беше решен во последната четвртина благодрение на двоецот Никола Јокиќ и Џамал Мареј.

Србинот натпреварот го заврши со 26 поени со перфектни 18 од 18 во обидите за еден поен, 14 скокови и 8 асистенции, додека Канаѓанецот постигна 28 поени и 5 скокови. Кај Голден Стејт се истакна Вигинс кој постигна 22 поени.

Претходно Њујорк славеше со 129-122 против Милвоки прекинувајќи ја низата од десет натпревари без победа против Бакс. До триумф Никс го предводеше Брансон со 38 поени и 6 асистенции, додека на спротивната страна се истакна Адетокумпо со 32 поени, 13 скокови и 6 асистенции

Се вчитува...