Македонија ЃП му посака добродојде на Крсте Велкоски

И официјално, Македонија ЃП ќе биде новиот клуб на искусниот Крсте Велкоски. Напаѓачот откако го напушти тимот на Работнички, се сели на западниот крај од Скопје, и ќе ги брани боите на тимот од Ѓорче Петров.

Велкоски после долги години настапување во странство, во екипите на Сараево, Инчон, Енозис и Чеалул, се врати во Работнички минатата година, а Македонија ЃП ќе биде негов трет клуб во Македонија. Освен Работнички, две години го носеше дресот и на Металург.

Велкоски е четвртото ново име во Ѓорче. Претходно екипата се засили со Џонатан Балотели, Давид Лопез и Џонатас да Силва.

Се вчитува...