Муту доби отказ додека беше на погреб на својата мајка

Адријан Муту не е повеќе тренер на Нефчи, откако романската фудбалска легенда доби отказ иако во последното коло го совлада тимот на Капаз со 2-0.

Отказот по победата не е толку изненадувачки потег колку самиот тајминг на обелоденување на одлуката, откако Нефчи реши да го објави соопштението за раскин на договорот со Муту токму во моментите кога Романецот се наоѓаше во татковината, на погреб на својата мајка која почина пред неколку дена.

„Сакаме да му се заблагодариме на Адријан Муту за досегашната соработка и да му посакаме многу среќа во следните активности. Истовремено, сакаме да му изразиме искрено сочувство по смртта на неговата мајка“, објави Нефчи.

Се вчитува...