Црвена Звезда веќе извесно време бараше нов плејмејкер како засилување, потрага што се интензивираше откако Шабаз Нејпир се пресели во редовите на Олимпија Милано.
„Црвено-белите“ разгледуваа неколку опции на пазарот, за на крајот сепак да ги отфрлат сите и да се решат за (не)очекувано решение – враќајќи го Никола Топиќ во своите редови. Станува збор за еден од најталентираните млади кошаркари во Европа, суперталент кој беше избран за МВП на последното ЕП за играчи до 21 година, на кое Србија стигна до златниот медал.
Топиќ е под договор со Црвена Звезда, но од стартот на сезонава беше испратен на позајмица во тимот на Мега, каде експресно се наметна како еден од лидерите на оваа млада екипа.
„Црвено-белите“ решија да веруваат во талентот на овој перспективен играч, па тренерот Сферопулос дал зелено светло, по што управата донела конечна одлука – Топиќ да се врати назад во Црвена Звезда и да добие шанса преку настапи во Евролигата уште повеќе да напредува.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА