„Лавовите“ ги продолжија договорите и со Попзлатанов и Илиевски

Откако го ангажираше поранешниот македонски репрезентативец Крсте Велкоски, Македонија ЃП денеска ги продолжи договорите и со досегашните свои стандардни првотимци Јован Попзлатанов и Бојан Илиевски.

27-годишниот Попзлатанов на почетокот од оваа година се врати меѓу „лавовите“ од Вардар, откако претходно настапуваше за летонски Рига. Претходно има играно и за Пелистер и Тетекс.

24-годишниот дефанзивец Илиевски претходно во својата кариера има настапувано и за екипите на Пелистер и на Работнички.

Се вчитува...