Кинескиот тенисер Жиженг Женг изјави дека Новак Ѓоковиќ ќе му биде најголемиот непријател на претстојниот „Јунајтед куп“.
Србија на премиерата во Перт игра против Кина, а покрај Ѓоковиќ треба да настапат и Хамад Меѓедовиќ, Никола Чачиќ, Олга Даниловиќ, Наталија Стевановиќ.
Женг кој е најдобро пласираниот од машкиот тим на Кина, со 58. место на АТП листата, знае од каде доаѓа најголемата опасност.
„Што се однесува до натпреварот на 31. декември, нема сомнеж дека Ѓоковиќ е нашиот најголем непријател, па не знам колку шанси имаме, но верувам во нашиот тим дека можеме да стигнеме до изненадување“, изјави Женг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

