Тен Хаг: На полувреме им реков на момците да продолжат да веруваат

Манчестер Јунајтед синоќа ја прекина серијата на пет натпревари без победа. Со пресврт, Јунајтед на домашен терен добро се намачи да го совлада тимот на Астон Вила. Од полувреме од негатива со 0-2, на крајот успеаја да дојдат до триумф од 3-2.

Менаџерот на Манчестер, Ерик тен Хаг ги пофали играчите на нивниот карактер, а откри што им кажал на полувремето во миговите кога Астон Вила имаше предност на „Олд Трафорд“.

„На паузата губевме 0-2, два гола кои ги примивме откако бевме многу статични и имавме недоволна концентрација. Сепак, одигравме добро и во првиот дел. На паузата им реков на момците: „Продолжете да верувате и да ги правите работите на ист начин, па и подобро“. Моравме да извршиме притисок, и видете што се случи кога при 1-2, уште повеќе го подигнавме темпото. Јас веќе неколку пати реков дека ние играме рамноправно со Арсенал и со Ливерпул. Ако се обидеме да дадеме се од себе, можеме секого да победиме. Треба да веруваме дури и кога имаме два гола негатива. Важно е да продолжиме во ист дух и да покажеме карактер. Момците веќе го покажаа и мислам дека бевме на едно високо ниво“, рече Тен Хаг.

Се вчитува...