Брера се раздели со капитенот Врдољак

Марио Врдољак нема да го носи дресот на Брера во пролетниот дел од сезоната, соопштија од струмичкиот клуб. Управата на клубот и самиот играч се одлучија на взаемно задоволство да го раскинат договорот.

Врдољак дојде во Брера на почетокот на годината, а во оваа сезона одигра 16 натпревари, низ кои ја носеше и капитенската лента на тимот.

Со оглед дека беше еден од најдобрите играчи на АП Брера, оваа разделба доаѓа сосема неочекувано. Брера по завршувањето на есенскиот дел доби и нов тренер, и со нови сили ќе тргне во пролетниот дел во која ќе се бори за повисок пласман.

Се вчитува...