Искусниот дефанзивец Леонардо Бонучи, не се снајде воопшто во Германија и зимава би можел да направи „кам-бек“ во Италија. Според медиумите во земјата, екс играчот на Јувентус и на Милан би можел да замине во Рим, и да го облече дресот на Рома. Наводно, тој бил силна желба на Жозе Мурињо.
Сепак, најзагрижени се навивачите на Рома, кои му испратија порака на фудбалерот. Бонучи на својот профил на „Инстаграм“ постави фотографија за Божиќ, а навивачите на „волчицата“ му испратија безброј коментари.
„Да не си се осудил да дојдеш во Рома“, „Тој е играч за во пензија“, „Стар, бескорисен и скршен“, се само дел од коментарите на навивачите на Рома.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА