Јануарска чистка во Манчестер Јунајтед, четворица играчи се „пакуваат“

Ерик тен Хаг е пред останување во тимот на Манчестер Јунајтед. Ако загубеше од Астон Вила синоќа, се чини веќе ќе беше поранешен, но вака си ја спаси позицијата барем за момент, и сега веќе почнува да ги прави идните планови со екипата.

Холанѓанецот планира во јануарскиот преоден рок да се ослободи од четворица играчи, за кои има добри понуди и на нивно место да донесе нови, кои ќе донесат свежина во екипата.

Се поизвесно е дека во вториот дел од сезоната Јунајтед нема да смета на Касемиро, Варан, Санчо и Марсијал. Тие веќе ги одбројуваат последните денови како членови на Манчестер, и се чини ќе имаат нови клубови.

Санчо веќе одамна е пречкртан од Тен Хаг, и тој долго време не тренира, па ниту му е дозволено да присисуствува со првиот тим. Марсијал и Варан добиваат повремено шанса, но се повеќе се во немилост.

Пред неколку дена Сер Џим Ретклиф откупи дел од акциите на клубот, и се очекува да се свртат кон обнова на тимот кој ќе почне да освојува трофеи.

Се вчитува...