Томи Панов e прогласен е за најдобар судија во судиската организација на град Скопје за 2023 година на свеченоста која традиционално се одржува во главниот град на Македонија.
„Би сакал најпрвин да се заблагодарам на судиската комисија на град Скопје, Судиската комисија на Македонија, на комесарот за натпреваруавње, за указаната доверба. Ова признание е од големо значење за мене лично и особена мотивација да продолжам да работам на себе и да се надградувам. Би упатил порака и до сите помлади судии, да бидат вредни, упорни и трпеливи, успехот ќе си дојде сам по себе“ – порача Панов на заедничката, традиционална прослава, организирана од страна на Судиската комисија на кошаркарски судии и делегати на град Скопје.
A Филип Филиповски го доби признанието за најперспективен судија во главниот град:
„Би сакал да се заблагодарам на Судиската комисија на град Скопје, Судиската комисија на Македонија како и на Кошаркарската федерација на Македонија за оваа награда. Посебно се радувам на ова признание, и ми е особена драго бидејќи ми е прво во мојата судиска кариера. Тоа ми дава дополнителен мотив и во иднина да продолжам да работам на себе и да ја оправдувам укажаната доверба. Сепак удел во оваа награда имаат и сите судии и делегати и им благодарам за секоја добронамерна критика и за секој добронамерен совет“ – потенцира Филиповски по добивањето на својата прва индивидуална награда во судиската кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА