Барселона се пофали: Стигна Витор Роке (ФОТО)

Младиот бразилски напаѓач Витор Роке денеска пристигна во Барселона со кој неодамна потпиша осумгодишен договор чија важност е до 2031 година со откупна клаузула од 500 милиони евра.

Осуманесетгодишникот доаѓа од редовите на Атлетико Паранеансе во трансфер вреден 40 милиони евра. Тој важи за еден од најталентираните фудбалери на својата генерација и талентот веќе го докажа во прволигашкиот фудбал во Бразил каде постигна 20 голови во сите натпреварувања, а додаде и осум асистенции.

Се вчитува...