Јувентус ќе извиси: Филипс си оди од Сити, но ќе остане во Премиер-лигата

Калвин Филипс е веќе спакуван и на почетокот од јануари ќе си замине од Манчестер Сити, откако поранешниот англиски репрезентативец не доби премногу шанси за докажување кај Пеп Гвардиола по трансферот од Лидс Јунајтед.

Јувентус долго време преговараше за Филипс, пристигнувањето на овој играч на позајмица делуваше како идеална солуција за проблемот со средниот ред на „старата дама“, но последните информации говорат дека Филипс сепак ќе остане во Премиер-лигата, а Јуве ќе треба да бара засилување на друго место.

Њукасл е тимот што тргнал во офанзива по Калвин Филипс во последните 48 часа и веќе е во интензивни преговори со Сити за да договори позајмица на шест, можеби и на 18 месеци на овој фудбалер. „Црно-белите“ планираа да го засилат средниот ред, прва желба им беше да го донесат Невеш од Саудиска Арабија, но откако тоа пропадна вниманието го насочија кон Филипс.

Доколку се биде во најдобар ред, договор би можел да биде постигнат во наредните денови, по што Филипс би можел да дебитира за Њукасл во рамките на ФА Купот, против екипата на Сандерленд.

Се вчитува...