Карло Анчелоти заслужува само комплименти за начинот на кој го водеше Реал Мадрид во првиот дел од сезонава, искачувајќи се на првото место на табелата без оглед на огромните проблеми со повредите што почнаа од проблемот со коленото на првиот голман Куртоа, па потоа траеја без престан во последните месеци.
Сега на таа криза во Реал и се ближи крајот, откако дури петмина стандардн првотимци се враќаат на располагање на трофејниот стратег за претстојните натпревари во Супер-купот на Шпанија што ќе се играат во Саудиска Арабија.
Мадридскиот весник „Марка“ објави дека на списокот на патници за Супер-купот се наоѓаат Винисиус, Камавинга, Карвахал, Менди, како и Арда Ѓулер, кој би можел токму во ова натпреварување конечно да го покаже својот талент по серијата повреди по трансферот од Фенербахче.
Анчелоти за ова натпреварување нема да може да смета само на Куртоа, Милитао и Алаба, кои имаат тешки повреди на колената и ќе отсуствуваат уште неколку месеци од терените.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

