Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз на најдобар можен начин ја најавија новата сезона во светскиот тенис со егзибицискиот дуел во Ријад.
Во мечот кој траеше три сета во главниот град на Саудиска Арабија, Шпанецот беше подобар со 2-1 против својот ривал, по сетови 4-6, 6-4 и 6-4.
Иако првиот сет го доби најдобриот тенисер во светот со 4-6, следните два Шпанецот возврати на ист начин и стигна до триумф против големиот ривал.
Двајцата тенисери веќе се подготвуваат за настап на првиот гранд-слем турнир во сезоната Австралија опен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

