Година за збогум на Меси и Роналдо од Европа

Светот ги живее првите часови од новата 2024 година со мисли за подобро утро, но свесни за тоа дека веќе никогаш повеќе нема да биде исто.

Така беше и во 2023 година во фудбалот. Фановите ширум светот на најважната споредна работа во животот знаеја дека повеќе нема да биде ништо исто. По скоро две децении доминација на терените ширум Европа, Лионел Меси и Кристијано Роналдо одлучија да му кажат збогум на Стариот континент.

Прв ногата ја повлече Кристијано Роналдо кој лут на случувањата во Манчестер јунајтед, одлучи да направи храбар потег кој на крајот се покажа како полн погодок. Португалецот беше првата ѕвезда која замина во шампионатот на Саудиска Арабија каде потпиша договор со Ал-Наср, а се понатаму е историја. Набрзо по него во оваа лига потпишаа голем број од најдобрите фудбалери во светот меѓу кои најзвучни беа: Бензема, Нејмар, Мане, Махрез, Фабињо, Хендерсон, Канте… Кристијано Роналдо повторно покажа дека кога е во прашање големата работа и посветеност е број еден на сите времиња завршувајќи ја календарската 2023 година со најмногу голови во светот на фудбалот.

Лионел Андрес Лео Меси…. Најголемиот фудбалер на сите времиња, набрзо по својот лут ривал се одлучи да повлече сличен потег и да замине во големиот проект на Дејвид Бекам, Интер Мајами. Малиот Аргентинец по освојувањето на Мундијалот сфати дека е доволно од него во Европа и реши својот пат да го продолжи на Северно Американскиот континент. А, таму, таму Меси беше пречекан како Бог. Веднаш донесе голема гледаност на мечевите од МЛС лигата, а малиот стадион на клубот од Флорида беше преполн на секој меч.

Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд ја презедоа штафетата како најдобри моментално во светот, но и со сите луди бројки кои ги имаа во 2023 година се уште се светлосни години далеку од тоа што го правеа Лео и Роналдо изминатите скоро дваесет години.

Се вчитува...