Челси некако успеа да победи во Премиерлигата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Челси некако успеаја да стигнат до триумф во домашниот шампионат откако вечерва во малото лондонско дерби славеа на домашен терен против Кристал Палас со 2-1 како дел од 19. коло во Премиерлигата.

Домаќините дојдоа до водство од 1-0 со погодокот на Мудрик во 13. минута. Гостите израмнија на 1-1 преку Олисе во првата минута од судиското продолжение во првото полувреме.

Џексон во 77. минута постигна гол за 2-1, но по проверка на ВАР тој беше поништен поради офсајд. Сепак, избраниците на Покетино некако успеаја да стигнат до триумф откако Мадуеке од пенал во 88. минута ги постигна конечните 2-1.

Chelsea [2] – 1 Crystal Palace – Noni Madueke penalty 89′
byu/PSGCampus insoccer

Во вториот меч од програмата во 20.30 часот во голеада Вулверхемптон славеше на гостувањето кај Брентфорд со 1-4.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...