Најдоброто од македонскиот спорт за 2023 година (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Агенцијата на млади и спорт заедно со Сојузот на спортови на Македонија вечерва на гала свеченост во „Александар Палас“ ги избра најдобрите спортисти за 2023 година.

Кик-боксерот Бобан Илиоски е избран за најдобар спортист на Македонија за 2023 година. За најдобра спортистка на Македонија за 2023 година беше избрана Мери Акиевска која повторно беше светска шампионка во бодибилдинг.

Најуспешен тренер селектор беше избран токму тренерот на Илиоски, Дејан Митровски Урко. Признанието за најуспешна федерација и припадна на Одбојкарската федерација на Македонија која беше домаќин на Европското првенство.

За најдобра машка репрезентација беше избрана одбојкарската, додека за женска ракометната репрезентација на Македонија. Најдобар млад спортист е избран каратистот Витомир Трајковски, додека најдобра млада каратистка беше избрана Милијана Рељиќ.

За најуспешен спортист со инвалидитет беше избран пливачот Андреј Стојаноски.

 

Се вчитува...