Гвардиола горд: Голем триумф над Евертон, ние сме најдобриот тим во светот

Пеп Гвардиола не ја криеше гордоста на својот тим откако Манчестер Сити се врати од негатива од еден гол и славеше со 1-3 на незгодното гостување против Евертон.

„Граѓаните“ промашија неколку убави шанси во првиот дел и се најдоа во негатива од еден гол, но избраниците на Гвардиола покажаа карактер, постигнаа три гола во вториот дел и освоија огромни три бода.

„Секако дека сум среќен, покажавме и квалитет и карактер. Затоа сме светски шампиони, затоа Манчестер Сити е најдобриот тим во светот. Презадоволен сум од начинот на кој реагиравме, тоа покажува каква специјална група е оваа што ја имам, каков менталитет создадовме“, изјави Гвардиола.

Триумфот беше забележан без Халанд, Доку и Де Бруине, кои поради повреди не му беа на располагање на Пеп, а згора на тоа повреда во првото полувреме заработи Стоунс.

Се вчитува...