Неуспешен експеримент: Фирмино си оди од Ал Ахли

Роберто Фирмино изненади многумина во текот на летото, откако по заминувањето од Ливерпул и покрај бројните понуди од Европа (меѓу другите и од Барселона), реши кареирата да ја продолжи во Саудиска Арабија.

Ал Ахли каде настапуваше нашиот Езгијан Алиоски беше изборот за нов клуб на бразилскиот голгетер, Фирмино дури и дебитираше со хет-трик, но како што одминуваше времето, така беше се поочигледен и големиот пад во неговата форма. Извори блиски до фудбалерот тврдат дека тој и неговото семејство воопшто не се адаптирале на животот во Саудиска Арабија, што се одразило и врз ндговите настапи на теренот.

Фирмино веќе ја известил управата на Ал Ахли за желбата да си замине, а челниците на клубот немаат намера да му стојат на патот. Тој има на маса понуди од МЛС-лигата, но многу поизгледно е дека екс-голгетерот на Ливерпул ќе се реши за нова авантура во Европа, ако се знае дека заинтересирани за негов трансфер се клубови од Турција, Италија и од Шпанија.

Се вчитува...