Халанд го пропушта и последниот меч на Манчестер Сити за годинава

Напаѓачот на Манчестер Сити Ерлинг Халанд, ќе го пропушти и последниот меч за оваа година поради повреда. Голгетерот на „граѓаните“ нема играно поради повреда на ногата од 6. декември, а нема да се појави ниту на мечот против Шефилд Јунајтед на гостински терен.

Во оваа сезона Норвежанецот има 19 голови и 5 асистенции на 22 меча за Сити во сите натпреварувања.

„Ерлинг се чувствува подобро, но нема ниту еден тренинг со тимот. Се надевам дека во јануари ќе се врати“, рече Пеп Гвардиола.

Без него, Сити го освои пехарот во светското клупско првенство откако во финалето го совладаа Флуминензе со 4-0.

Се вчитува...