Искусниот италијански стручњак Карло Анчелоти е блиску до потпишување на нов договор со Реал Мадрид. Според „АС“ клубот планира да му понуди нов договор на Италијанецот, и тој да остане на „Сантијаго Бернабе“.
Двете страни ќе седнат на иста маса и ќе преговараат после шпанскиот Суперкуп. Договорот ќе биде до јуни 2025 година, а не е исклучено да биде и на подолг период, односно до 2026 година.
Анчелоти со неговиот тим е на врвот на табелата во Ла Лига, а во ЛШ заврши како првопласиран во групата, и покрај тоа што тимт сезонава се соочува со големи проблеми поради повреди.
Ако потпише нов договор, пропаѓаат сите обиди на Бразил да го ангажира Анчелоти. Бразилската федерација јавно објави дека имаат договор со Анчелоти, меѓутоа неколку пати тренерот одби да зборува дека има договор, односно ги негираше сите тие шпекулации, кажувајќи дека доколку Реал му понуди, тој ќе прифати нова соработка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

