Фудбалерот на Интер, Хакан Чалханоглу ја одбил понудата на Ал Хилал, за кои настапуваат неколку големи фудбалски ѕвезди, и останува да биде верен на Интер, со кој има договор до 2027 година.
Турчинот не сака ни да „чуе“ за Саудиска Арабија, и покрај тоа што му нудат 18 милиони евра по сезона, и тоа четиригодишен договор.
Согласно информациите, Чалханоглу во моментов заработува во Интер 5-6 милиони евра, што е тројно помалку од понудата на Ал Хилал. Меѓутоа, веројатно, за играчот од средниот ред во моментов парите не се приоритет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА