Ракометниот клуб Тиквеш доби нов тренер во името на Радослав Стојановиќ. Стојановиќ го презема кормилото на клубот од Кавадарци како актуелен селектор на македонската младинска репрезентација.
Тој доаѓа на местото на Никола Матлиески, кој се раздели од Тиквеш. Стојановиќ работеше во Охрид, во младинските категории на Металург. По подолго време ова ќе му биде прв ангажман на клупско ниво.
,,Своите ракометни почетоци ги имав во овој регион па сега е време со својата работа да возвратам на регионот од чија ракометна школа излегоа квалитетни ракометари. Се радувам што сум тука во улога на тренер и познавајќи го менталитетот на регионот, знам и верувам дека ќе се бориме на секој натепревар и за секој бод во плеј офот.”
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА