Францускиот скијач Сиприен Саразан е изненадувачки победник на спустот во Бормио, Италија, но трката ја одбележа падот на Австриецот Марко Шварц, кој до оваа трка беше водечки во Светскиот куп.
Францускиот скијач Саразан го „украде шоуто“ на патеката Стелвио, постигнувајќи ја само втората победа во кариерата по победата на паралелниот слалом во Алта Бадија во 2017 година.
На третиот спуст во сезоната, Французинот ја мина целта за 1:50.73 минута, победувајќи со девет стотинки пред Швајцарецот Марко Одермат, додека Канаѓанецот Камерон Александар го зазеде третото место со 1.23 секунди заостанување.
Досегашниот лидер во Светскиот куп, Австриецот Марко Шварц, падна на половина патека и заврши во заштитната мрежа. Шварц лежеше неколку минути, а откако му беше укажана помош, стана и одеше со мака без поддршка на десната нога пред да биде пренесен со хеликоптер во болница. Австриските медиуми јавуваат дека се работи за повреда на коленото.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА