Онана сепак ќе настапи на Африканскиот куп на нации

Голманот на Манчестер јунајтед, Андре Онана сепак доби покана за репрезентацијата на Камерун.

И покрај претходните недоразбирања со селекторот Ригобрт Сонг и претседателот Самуел Ето, 27-годишниот голман сепак најде место на листата на оние кои ќе играат на Африканскиот куп на нации.

Во септември се предомисли и реши да се реактивира кога е во прашање настапот за репрезентацијата, бидејќи претходно најави дека повеќе нема да брани.

Повикот ефективно значи дека тој би можел да биде надвор од тимот на Манчестер јунајтед цел месец, во зависност од тоа што ќе направи Камерун на турнирот во јануари.

Се вчитува...