Скандал во селекцијата на Гвинеја пред Африканскиот куп: Обвини за кражба, па го избркаа од репрезентацијата!

Бизарен скандал се случи во репрезентацијата на Гвинеја непосредно пред почетокот на Африканскиот куп на нации кој започнува на 13. јануари во Брегот на Слоновата Коска.

Пред неколку месеци таа репрезентација одигра пријателски натпревар со Бразил, а по натпреварот репрезентативецот на таа африканска селекција Морлаје Силас го размени дресот со ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус.

Сепак, по мечот Сила не можеше да го најде дресот на Винисиус и прво ги обвини соиграчите дека го украле од соблекувалната, а потоа за виновник го наведе тренерот Каба Диавара.

Репрезентативците на Гвинеја побараа од Силас да се извини за ваквите обвинувања, кои ги прогласија за неосновани и скандалозни, но тој до денес не го сторил тоа и селекторот Дијавара го избриша од списокот за Африканскиот куп на нации.

Гвинеја ќе игра во групата Ц на континенталното натпреварување против Камерун, Гамбија и Сенегал.

Се вчитува...