Младиот српски кошаркар Никола Топиќ по одличните партии во првиот дел од сезоната со Мега во АБА лигата се врати во Црвена звезда. Остатокот од сезоната ќе го помине во тимот во кој порасна.
Тој вели дека од мал му било сон да игра за Црвена звезда, а ако тренерот бара од него ако треба и ќе умре на терен.
„Мојот сон беше да играм за Црвена звезда. Пораснав како навивач на тој клуб. Многу ми значи што ќе играм пред 20.000 навивачи на Звезда. Не можев да ја одбијам можноста да играм во Евролигата. Ризикот е огромен, но јас сум подготвен. Верувам во себе 100 проценти. Моите родители, агентот Мишко Ражнатовиќ и јас сме свесни дека тоа може да влијае на мојата позиција на драфтот доколку не играм добро, но јас сум подготвен да се борам на секој меч, а ако тренерот тоа го бара од мене и да умрам на паркетот“, изјави Топиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА