Фемили Аеродром: Да го задржиме ривалството како што доликува, бидејќи во спротивно дерби нема да има!

Навивачката група на актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје, Фемили Аеродром излезе со свое соопштение по повод вечното дерби против Работнички кое треба да се игра на крајот на месец јануари.

Тие велат дека поради пинг понг натпревар мечот нема да може да се одигра на 23. јануари, а дека другата можност е тој да биде одигран два дена претходно, но од тимот од градски парк не го прифаќаат тоа.

„ПОЧИТУВАНА ЈАВНОСТ

Сакаме да ве информираме дека во текот на претходните денови до нас стигна информација за „пе.ерски“ игри во врска со вечното дерби кое треба да се одигра во текот на месец јануари. Натпреварот е закажан за 23 јануари, но поради одржување на натпреварување во пинг понг, на тој ден Јане Сандански не е слободна. Алтернативата која е понудена е дербито да се одигра на 21.01 во недела, што е ушто подобро за сите, но на тоа „господата“ од другата страна на железничка, од непостоечки причини (сите ги знаеме вистинските причини), не се согласува.

Со ова соопштение сакаме да апелираме, а воедно и да направиме притисок, до сите инволвирани странки: општини, градоначалници, директори, тренери, играчи, групи, федерации, комитети, поединци, организации, и сите оние кои можат некако да дејствуваат во ситуацијава, да го сторат тоа во најбрз можен рок. Тоа е единствен начин да го спасиме едно од ретките дербиња кои се останати во државава, за да биде одржано како што треба – во полна сала, со 2 навивачки групи и со жар и атракција на теренот и трибините. Во спротивно ДЕРБИ НЕМА ДА ИМА!“, порачаа навивачите на МЗТ.

Се вчитува...