Како и многупати претходно сезонава Партизан е предодреден за драми во Евролигата. Така беше и на денешниот дуел кој се се одлучуваше во последните секунди, но овој пат во 17. коло загуби со 75-77 во Белград од италијанската Виртус Болоња.
Тимот на Жељко Обрадовиќ беше ослабен со неиграњето на Алекса Аврамовиќ, Ален Смаилагиќ и Урош Трифуновиќ, па сето тоа се почувствува и низ првите три периоди од играта по кои гостите од Италија имаа предност од 55-60.
Сепак, во последната четвртина Партизан успеа на една минута до крајот со поените на Нанели да дојде до 72-73. Но, на 18 секунди пред крајот Лундберг погоди на спротивната страна за 72-75.
CLUTCH BASKET FOR @VirtusSegafredo @IffeLundberg with the strong finish 💪#MagicMoment pic.twitter.com/c2S3ZaDhAY
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) December 28, 2023
Пантер потоа погоди за 74-75, а откако на 10 секунди до крајот Белинели ги погоди двете слободни фрлања за Виртус за 74-77, Пантер погоди потоа едно слободно фрлање за Партизан за 75-77 и домашните успеаја да се изборат за офанзивен скок. Но, Френк Камински во последната секунда не погоди шут за три поени за триумф на Партизан, на крај за победа на Виртус Болоња од 75-77.
Лундберг беше најефикасен кај Виртус со 16 поени, а кај Партизан извонреден беше Џејмс Нанели со 19 поени и шест асистенции. По 12 поени постигнаа Пантер и Јарамаз, а 10 поени запиша Камински.
Фенербахче, исто така во повеќе од интересен натпревар, ја доби турската пресметка со Анадолу Ефес победувајќи со 84-89. Хејс со 24 поени беше најдобар кај Фенербахче, а на Ефес не му помогна ниту извонредниот Ларкин кој го заврши мечот со 29 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА