Избрани најдобрите во македонската кошарка за 2023 година: Војдан, Димитријевиќ, Илиевски, Рајковиќ… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кошаркарската федерација на Македонија на свечена церемонија вечерва, како заокружување на календарската година во кошаркарскиот спорт, ги додели наградите за најдобрите во мак-баскетот за 2023 година.

Сосема очекувано, Војдан Стојановски повторно се закити со признанието за најдобар македонски кошаркар од домашното првенство, откако капитенот на репрезентацијата одигра маестрално во дресот на МЗТ, предводејќи ги аеродромци до нова шампионска титула. Најдобра кошарка, пак, е Елена Тасевска.

Признанието за најдобар македонски тренер за првпат заврши во рацете на Марјан Илиевски, кој минатата сезона беше вицешампион со Пелистер. Најдобар тренер на женска сениорска екипа е Златко Гоцевски.

Наградата за најдобра екипа, пак, ја понесе младинската репрезентација на Македонија, која предводена од селекторот Никола Василев оствари голем успех успевајќи да влезе во А-дивизијата.

 

НАЈДОБРИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА КОШАРКА ЗА 2023 ГОДИНА:
Женска младинска екипа: БАСКЕТ КАМ У18
Машка младинска екипа: РАБОТНИЧКИ У14
Тренер на женска младинска екипа: ЈОРДАН ЦВЕТАНОВСКИ
Тренер на машка младинска екипа: НЕРМИН ПЕПИЌ
Млада кошаркарка: АЊА НАЧЕВСКА
Млад кошаркар: НИКОЛА ЈАНИЧИЌ
Судија: ИГОР МИТРОВСКИ
Женска сениорска екипа: БАСКЕТ КАМ
Машка сениорска екипа: МЗТ СКОПЈЕ
Тренер на женска сениорска екипа: ЗЛАТКО ГОЦЕВСКИ
Тренер на машка сениорска екипа: МАРЈАН ИЛИЕВСКИ
3Х3 тим: КИНО ВЛАЕ
Најдобар играч во 3Х3: ЕВРИН ЦОГО
Младинска селекција: У20 МАЖИ
Кошаркарка: ЕЛЕНА ТАСЕВСКА
Кошаркар: ВОЈДАН СТОЈАНОВСКИ
Тренер во странство: ЕМИЛ РАЈКОВИЌ
Интернационалец: НЕНАД ДИМИТРИЈЕВИЌ
Интернационалка: АНЏЕЛИКА МИТРАШИНОВИЌ

Се вчитува...