ВИДЕО: Промашување какво ретко се гледа – Навивачите и соиграчите веќе почнаа да слават, но…

Натпреварите во Египет ретко се привлечни за пошироката светска фудбалска јавност, но кога ќе дојде промашување од ваков тип и тоа како привлекуваат внимание.

Екипите на Керамика Клеопатра и Пирамидс го играат натпреварот за третото место во египетскиот Суперкуп, а по регуларниот дел мечот заврши без победник, 1-1, па дуелот беше одлучен по изведувањето на пеналите.

Но, тоа малку е важно… Во центарот на вниманието беше напаѓачот на Керамика, Ахмед Рајан кој во 64. минута искористи голема грешка на голманот на противничкиот тим. Изби буквално сам пред голот на Пирамидс и кога навивачите и неговите соиграчи веќе почнаа да слават, се случи вистински шок… Промашување за неверување…

 

Се вчитува...