Бонучи се враќа во Милан?

Леонардо Бонучи ќе ја заврши кратката одисеја во Унион Берлин, но нема да оди во Рома. Според најновите информации, искусниот дефанзивец е сега пред „кам-бек“ во таборот на Милан.

Бонучи ќе треба да ги решават проблемите со одбраната на „росонерите“, кои останаа без услугите на Фикајо Томори во следните два месеци. Јануари ќе го пропушти и Малик Тиао, додека Пјер Калулу ќе го нема до крајот на февруари.

Токму од тука на Милан му треба искусен дефанзивец, а како навивачите на Рома изразија незадоволство до можноста тој да пристигне во Рим, експресно стигна понуда од Милан, кој беше негов поранешен клуб.

Бонучи после долги години во Јувентус, во сезоната 2017-2018 играше за Милан, по што експресно, повторно се рати во Милан. Инаку, интересно тој во периодот од 2006 до 2009 беше дел од Интер, лутиот ривал на Милан, но одигра само еден официјален меч.

Се вчитува...