Македонија ја совлада Црна Гора во првата контрола

Македонија беше подобра од Црна Гора на контролниот натпревар одигран денеска во Стара Пазова, Србија. Ракометарите на нашиот национален тим по 60 минути игра, имаа предност од 39-37, со што беше официјален скор од натпреварот, а двете селекции одиграа уште дополнителни 30 минути во договор на двата селектори. На полувремето Македонија имаше предност од 22-17.

Црногорците во своите редови ги немаа едни од најдобрите играчи Борозан, Лазови и Вујачиќ.

Македонија утре се враќа во Македонија, по што ќе има два слободни дена, и со тренинзи продолжува на 2. јануари. До ЕП следуваат уште две контроли со Грција (4 и 5 јануари), а потоа на 8. јануари експедицијата заминува во Германија.

Македонија е во група со Германија, Франција и Швајцарија.

Се вчитува...