Вардар го промовираше Горазд Михајлов за нов тренер на екипата, и тој ќе ги води „црвено-црните“ во пролетниот дел, во кој целта е да избори опстанок во ПМФЛ.
Михајлов доаѓа на местото на Васоски, а, пак, Васоски го замени токму Михајлов на кормилото на Силекс.
Михајлов како играч има настапувано во Вардар. Потекнува од младинската школа на овој тим, а кратко беше дел и како играч на сениорската екипа.
Како тренер работеше во Охрид, Пелистер, Тетекс, Напредок, Борец и Силекс, а има и интернационална тренерска кариера во ОАЕ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА