Германија остана без уште еден ракометар за ЕП 2024

Германската ракометна репрезентација се соочи со нов проблем на десетина дена до стартот на ЕП 2024, откако домаќинот остана без помошта на Маријан Михалчик.

Средниот бек на Хановер се најде на списокот на селекторот Гисласон и требаше да биде втора опција за организатор на играта, веднаш зад стартниот плејмејкер Јури Кнор, но Михалчик го повреди мускулот на ногата, а деталните прегледи покажаа дека проблемот не е наивен и тој ќе мора да го пропушти европскиот шампионат.

„Секако дека сме многу разочарани за Михалчик, повредата е посериозна отколку што мислевме во прв момент и тој нема да може да ни помогне на ЕП“, изјави селекторот Гисласон.

Според најавите од германскиот табор, Гисласон нема да повика дополнителен играч на местото на повредениот ракометар.

Германија е една од селекциите кои се ривали на Македонија во групната фаза од ЕП 2024, заедно со Франција и со Швајцарија. Дуелот меѓу Македонија и Германија на програмата е на 14 јануари во Берлин.

Се вчитува...