Агенцијата за млади и спорт предводена од директорот Наумче Мојсоски, со премиерот Димитар Ковачевски, со градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски денеска го отворија познатиот спортски центар „Партизан“.
Реконструкцијата почна во април минатата година, а требаше да биде завршена до септември, но нејзиното завршување се пролонгираше.
„Спортски игри нека започнат! Спортскиот центар „Партизан“ како феникс, нов, уреден, подготвен за спортски активности! Зборот е збор! Партизан е многу повеќе од само спортски Центар! Партизан е идентитет, припадност со која се идентификуваат Карпошани, но и цело Скопје и Македонија! Од самиот почеток, внимателно и плански се работеше на секој дел од објектот и драго ни е што денес официјално го одбележивме стартот! Од самиот почеток, внимателно и плански се работеше на секој дел од објектот и драго ни е што денес официјално го одбележивме стартот! Нема поголемо задоволство од завршен проект кој е од голема важност за граѓаните! Партизан е токму тоа! Вложивме време, финансиски средства сѐ со цел да го издигнеме Партизан, зошто жителите на Карпош, скопјани тоа го заслужуваат!“, стои во објавата на АМС.
Обновата на салата е со површина од 1.617 квадртни метри. Се реновираше според идејниот проект кој го одбра Општина Карпош.
Салата „Партизан“ е изградена веднаш по скопскиот земјотрес во 1963 година. Во спортскиот објект се одржуваа различни спортови, од одбојка, кошарка, бокс, атлетика, пинг-понг, па се до стрелаштво, бодибилдинг…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА