Лазаров: Задоволен сум од борбата и желбата на репрезентативците

Македонската ракометна репрезентација првиот контролен натпревар од подготовките за престојното Европско првенство го заврши со победа од 54-51 против Црна Гора. Овој натпревар беше невообичаен со оглед на тоа што беа одиграни три полувремиња во договор помеѓу двата тренери со цел да се испробаат сите тактички варијанти.

Селекторот Кирил Лазаров не го криеше задоволството од прикажаното на неговите избраници, пред се од борбата и желбата за натпреварување.

„Одлична проверка за нашиот национален тим со сериозен противник кој располага со одлични играчи кои играат во одлични клубови. Резултатот на мечот воопшто не беше важен, идејата беше да го спроведеме сето она што го работевме на подготовките. Момците денеска беа одлични, особено во борбеноста и нивната желба со која влегоа на овој пријателски натпревар. Играчите ќе добијат заслужен одморот. Со работа продолжуваме на 2. Јануари“, изјави македонскиот селектор.

Се вчитува...