Нов клуб сака да игра во Премиер-лигата, а не е од Англија

Приклучувањето на нови клубови во Премиерлигата кои доаѓаат надвор од границите на Англија е идеја која трае со години. Великаните Селтик и Ренџерс често се споменуваа во овој контекст, но најзвучните шкотски клубови никогаш не им се приклучија на Кардиф, Свонси, Њупорт, Рексам и Честер.

А, ширењето на првенството конечно би можело да се оствари во следните години. Северна Ирска сака да има претставник во елитното натпреварување со формирање на нов клуб кој ќе го носи називот Белфaст Јунајтед. Овој клуб би ги играл домашните натпреварувања на новиот стадион во Белфaст со капацитет од 40 илјади гледачи.

Северна Ирска има богата фудбалска традиција, но тамошното натпреварување се смета за полуаматерско, па планот е со богати милионски инвестиции да се формира клуб кој натпреварувањето во англиските фудбалски првенства би го започнал од четвртиот ранг со цел да избори пласман во Премиерлигата и на крајот да стигне до шампионскиот трофеј.

Се вчитува...