Алегри: Во фудбалот секогаш се игра на резултат

Во дербито од 18. коло на Серија А во сабота, Јувентус ја пречекува Рома. Двата тима ги водат тренери кои имаат репутација дека не негуваат атрактивен стил на фудбал,  Масимилијано Алегри и Жозе Мурињо.

Јувентус заостанува четири бода зад лидерот Интер, што е позиција која секако ги радува навивачите. Затоа, дури и критиките кон Алегри и неговиот стил, кои беа чести минатата сезона, сега отстапија место на оптимизмот во борбата за Скудетото.

„Фудбалот се игра на резултат. Кога играв на игралиште како дете, не бев среќен кога ќе отидев дома по пораз. Мора да продолжиме вака, во рамките на нашите можности, личните цели да ги ставаме во служба на тимот. А главната цел е враќање во Лигата на шампионите“, изјави Алегри. 

Се вчитува...