Олимпијакос во второто полувреме го урна отпорот на Алба Берлин

Кошаркарите на акутелниот европски вицешампион Олимпијакос стигнаа до деветтата победа сезонава во Евролигата откако вечерва во рамки на 17. коло славеа на гостувањето кај германската Алба Берлин со 65-94.

Домаќините подобро го отворија мечот и ја добија првата четвртина со шест поени 25-19. Гостите заиграа подобро во вториот период па на пауза заминаа со негатива од само три поени 43-40. Клучна беше третата четвртина во која Олиммпијакос му дозволи на противникот само осум поени (8-27), а по 30 минути на семафорот стоеше резултатот 51-67.

До крајот Грците само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 65-94. Питерс со 23 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Томас постигна 15 поени.

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...